Испечати

Палачинки со банана и кисела павлака

Палачинки со банана и кисела павлака

Состојки

  • 200-220гр брашно
  • 2 многу зрели банани
  • 1лажиче пециво
  • 1лажица кафен шеќер
  • 1 ванила
  • 1/2лажиче цимет
  • 120гр кисела павлака
  • 180мл млеко
  • 2 јајца
  • некое зрно сол
  • Нутела и сладолед

Подготовка

Во чашата на нутрибулет ги ставаме млекото и бананите
Соединуваме, за да добиеме мазна смеса
Потоа во вангличка ги ставаме јајцата, солта, шеќерот, циметот, ванилата, пецивото, киселата павалака, циметот, брашното и соединетите млеко и банани
Убаво ја соединуваме цела смеса.
Тава со нелепливо дно ја загреваме на умерен оган.
Ставаме 1-2 капки масло.
Со помош на кутлач ставаме по малку од смесата да се пржи.
Кога на површината на палачинката ќе се појават меурчиња, ја превртуваме.
Постапката е иста со целиот материјал.
Сервираме во тајнирчиња палачинка, нутела, палачинка, нутела, палачинка, нутела...и топка сладолед
Сервираме и уживаме