Испечати

Квики Грицки

Квики Грицки

Состојки

  • 700-750гр Брашно
  • 350мл Вода (млака)
  • 150мл Зејтин
  • 3м.л. Сол
  • 75гр Сусам (пропржен)
  • 3 пакетчиња Ким
  • 1 Прашок за пециво
  • по желба Црвен пипер, афион или др.семиња

Подготовка

Одлични грицки за пред телевизор, за дечиња, супер мезе за со пивце и со супер друштво. Можете да ги зачините по своја желба и вкус.

Најпрво сусамот го пропржуваме во сува тава.
Потоа замесуваме тесто од сите наведени состојки.
На работната маса се расукува кора, која може да се сече на ленти и помали парчиња, или може тие ленти да ги исечкате со ножица директно во плехот каде ќе се печат грицките, врз хартија за печење.
Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 15-20 минути, до добивање на посакуваната боја...повремено промешуваме.

Забелешка
Тестото го поделив на 2 дела, во едниот дел додадов црвен пипер (секако тоа е по желба)
Истотака можете да правите форми, такашто со модли ќе ги вадите од расуканата кора, или да формирате топчиња, но како и да ги направите на изглед не е толку битно...вкусот е ист, освен ако додадете по ваш избор други семиња или зачини...на пример куркума 1 мало лажиче...превкусни се и така.