Испечати

Солени мафини со тиквички

Солени мафини со тиквички

Состојки

  • 1 (околу 300гр) тиквичка
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • сол, пимент и оригано по вкус
  • 1 црвена конзервирана пиперка
  • 150 гр кашкавал
  • 2 лажици гриз
  • 5 полни лажици брашно
  • 1 лажиче прашок за печење

Подготовка

Изрендајте ја тиквичката и во неа додадете ги разматени јајцата, па маслото и зачините со пецивото и потоа ренданиот кашкавал и ситно сечкана пиперката. Измешајте па додадете го брашното и гризот. Измешајте убаво.

Клапите за мафини намастете и набрашнете ги. Бидејќи се со тиквички мафините знаат добро да се залепат по ѕидовите особено додека се топли при вадење. Не ви препорачувам за овие да користите хартиени корпиња.

Ставете од смесата во секое калапче до горе и одозгора поросете сусам ако сакате.

Печете ги на 180 С половина час, па проверете. Допечете уште малку ако има потреба.