Испечати

Пециво со кулен и пармезан (сконси)

Пециво со кулен и пармезан (сконси)

Состојки

  • 500 гр бело брашно
  • 100 гр грахам брашно
  • 130 гр путер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица пециво
  • 2 лажици сув спанаќ
  • 100 гр пармезан
  • 100 гр кулен
  • 200 мл млеко
  • 100 гр кисело млеко

Подготовка

Брзински појадок...Вкусен и многу едноставен за подготовка...

Пред да започнеме со подготовка, ја вклучуваме рерната на 200 степени да ни се загрее.

Подготовка
1. Ги соединуваме сувите состојки, брашната, пециво, сол и сув спанаќ.
2. Го додаваме ладниот путер исечкан на коцки. Го втрлуваме во брашното, може со раце, а може и со миксер.
3. Ги додаваме наренданиот пармезан и ренданиот кулен.
4. Целата смеса ја соединуваме со кисело млеко и млеко.
5. Не месиме долго, само колку да се соединат состојките. Потоа на тавче ја расплескуваме топката од тесто и ја сечеме на 8 дела.
6. Ја премачкуваме со јогурт и ја печеме додека да поцрвени.

Толку! Брзо и едноставно! Нека ви е на здравје!

Забелешка
Оваа доза е за повеќе, така да ако сакате може да ја преполовите. Може да користите и само бело брашно.
Јас формирав две топки ги расукав во висина од околу 2 см, сакав побрзо да ми се испече и помали да ми бидат парчињата,а вие како сакате.
Можете да ја премачкате со јогурт, млеко или кисело млеко, по ваш избор, а може и воопшто да не ја премачкувате.