Богата пита со мелено месо и компир
Состојки
- 450 гр мелено месо
- 200 гр чадена сланина
- 1 кромид
- зачини за мелено месо бибер, буковец, мешан сув зачин, мешавина од зачини за месо,
- 6 јајца
- 1 кг компир
- 5 лажици пченкарно брашно
- 4 лажици бело брашно
- 2 пецива
- 100 гр кисела павлака
- 100 гр сирење
- дополнително
- 100 гр кашкавал или моцарела
Подготовка
Ова е рецепт за богата пита која е одлична како заменски ручек или што би се рекло ручек од една тава.
Подготовка
1. Кромидот ситно го сечкаме и го запржуваме на свинска маст или масло додека да омекне.
2. Ја додаваме сланината исечкана на коцки и неа ја упржуваме.
3. Го додаваме меленото месо, го упржуваме и му додаваме зачини. Го тргаме на страна да подолади.
4. Киселата павлака и ренданото сирење ги соединуваме.
5. Брашната и пецивото ги соединуваме.
6. Компирите ги рендаме и кон нив ги додаваме сите останати состојки, најпрво сувите, па павлаката со сирењето, јајцата и на крај меленото месо.
7. Целата смеса ја соединуваме со лажица и ја истураме на намрсено тавче.
8. Печеме во загреана рерна на 200 степени, а при крај на печењето питата ја наросуваме со рендан кашкавал и ја враќаме повторно во рерна за да ни се растопи кашкавалот.
9. Сервираме откако малку ќе подизлади, со по една полна лажица кисела павлака.
На здравје нека ви е!
Забелешка
Импресии додека ја подготвував...Кога го изрендав компирот тој пушти вода, целата смеса ми се направи како каша...Голем скептик бев додека се печеше дека вооопшто ќе излезе нешто од ручекот...Арно ама кога се испече и кога се излади за да може да се вадат убави парчиња на воодушевувањето му немаше крај. Кој како ја проба, дури и најголемите ,,пробирачи“ на храна од домашниве, беа презадоволни. Ако го зачините месото убаво додека го упржувате, вистинска експлозија на вкусови ќе имате во финишот, т.е. на трпезата.