Шеќерни лижавчиња
Состојки
- 9г,л, Шеќер
- по потреба Стапчиња за ражничиња
- малку Прехрамбена боја
Подготовка
Овие лижавчиња се прават буквално за 5 минути, а најважно од се е што исто така се многу ефикасни за болно грло, а освен на овој начин ги правам и како топла напивка на прегорен шеќер со млеко и малку маргарин или зејтин. Освен што ја намалуваат кашлицата, го забрзува и искашлувањето на секретот од грлото.
Подготовката е лесна
1. Го загреваме шеќерот во некој сад и мешаме додека се стопи.
2. Кога ќе добие златна боја веднаш го тргаме на страна и го истураме во силиконските калапчиња, на кои претходно им ставаме стапчиња за ражничиња.
3. Ако сакате да им ги направите поинтересни на дечињата, додадете прехрамбена боја или шарени трошки.
4. Оставаме неколку минутки да се здрват лижавчињата.
Забелешка -
Пазете да не ви загори шеќерот, а ако се случи тоа, фрлете го и стопете нов.
Додека се топи шеќерот ослободува чад со остар мирис, можете да се “инхалирате“ од овој мирис доколку имате проблем со воспаление на синусите или затнат нос.
Доколку немате силиконски калапчиња, можете да ги наредите стапчињата на мрсна хартија и да истурите врз нив од смесата.