Турски триаголници за појадок
Состојки
- чаша 200 мл
- 2 јајца
- 1 чаша млеко
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче чаден црвен пипер
- 6-7 гранчиња магдонос
- 3,5 чаши брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- 200 гр кашкавал
- 200 гр сирење
Подготовка
Овие триаголници за појадок се подготвуваат многу брзо, не треба чекање за тестото, а составот и начинот се интересни.
Најпрво јајцето се зазматува со жица заедно со млекото. Потоа се додава солта и пиперот. Наместо чаден црвен пипер можи да додадете малку чили доколку сакате луто. Сепак пиперот му дава особен шмек во вкусот. Исто така мислам дека и оригано ако се додаде овде одлично би се вклопило во целината.
Магдоносот го сечкаме ситно и го мешаме во садот. Можи да додадете и сув магдонос, но свежиот е со поголем приоритет.
Сирењето го дробиме, а кашкавалот го рендаме и ги додаваме и нив во смесата.
По изворниот рецепт беа помалку, но јас ставив повеќе и зажалив што не приставив уште особено сирење, па мерките се отприлика овие според мое видување за овие две состојки.
На крај го додаваме брашното со пецивото и внмателно прво мешаме а потоа месиме.
Тестото е меко и лепливо. Со набрашнување измесете го колку да стани компактно. Тоа и натаму ќе ја има својата лепливост, па затоа додека го оформувате преминете од брашнење на мрсење на рацете.
Набрашнете ја или намрсете ја работната површина и ставете го тестото.
Поделете го на 2 топки и секоја со намастени раце истапкајте ја во кружна форма со дебелина од половина см.
Исечете ја на осмини.
Во соодветно тавче да ги собери на два пати по 8 триаголници како што ги сечиме за секој круг ставете масло да го прекрие насекаде дното за да се загрее на малку повеќе од средна температура на рингла.
Префрлете ги триаголниците еден по еден во тавчето и пржете ги од свете страни додека не заруменат.
Одложете ги врз хартиена салфета да се впие мрсното на нив и служете ги топли со парче сирење, домат, јогурт, кисело млеко, како ви е мерак.
*Иако се пржат, внатре не се воопшто мрсни.