Овошен сладолед без додатоци
Состојки
- 3 помали банани
- 350 гр. малини, боровница, ананас, лубеница, и др. - ваш избор
- по ваша оцена мед или шеќер
Подготовка
- Потребно е да се замрзнати овошјата...
- Значи смрзнатите банани исечкајте на помали парчиња, додадете го овошјето кое сте го избрале вие. Блендирајте до добивање на кремаста смеса. Секое овошје не е исто слатко, па поради тоа сами и ќе оцените, доколку сакате посладок сладолед, тогаш овкусете со мед или шеќер. Соберете во садови и оставете во фрижидерот за длабоко замрзнување.
Овој сладолед е особено освежителен, бидејки нема други додатоци - при послужувањето дозволето сосема малку да се опушти - потоа со лажицата за сладолед лесно ќе извадите.