Испечати

Брза пита со ким и сусам

Брза пита со ким и сусам

Состојки

  • За пита
  • 2 јајца
  • 1/2 чаша масло
  • 1 чаша јогурт
  • 1 пециво
  • 15 лажици брашно
  • За фил
  • 100 гр биено сирење
  • 200 гр урда
  • 3 јајца
  • За посип
  • ким и сусам

Подготовка

Ова ни е една од омилените брзи пити...

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 200 степени.
2. Ги матиме јајцата.
3. Ги додаваме маслото и јогуртот.
4. На крајот ги додаваме измешаните пециво и брашно па матиме додека да се соедини смесата.
5. Ја распоредуваме смесата во намрсено и набрашнето тавче.
6. Печеме околу 20 минути или додека да поцрвени, а може да проверите и со чепкалка.
Додека се пече го подготвуваме филот.
7. Ги соединуваме јајцата, урдата и ренданото биено сирење.
8. Откако ни е испечена питата ја залеваме со филот и ја посипуваме со ким и сусам.
9. Ја враќаме во рерна уште 5-10 минути или онолку колку што ни е потребно време за да ни се испече филот.

Забелешка
Чашата е од 240 мл или 1 кап.
Во питата не ставам сол бидејќи е солен филот со кој ја залеваме.
Ако имате Делимано тава само намрсете ја.