Испечати

Мафини од овесни снегулки,таан и малини

Мафини од овесни снегулки,таан и малини

Состојки

  • 200 гр овесни снегулки
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 170 мл млеко
  • 9 лажици мед
  • 100 гр грчки јогурт со 10% масленост
  • 4 лажици таан
  • 180 гр малини

Подготовка

1. Половина од овесните снегулки во блендер ги блендираме како брашно. Ги ставаме во длабок сад. Преостанатиот дел од овесните снегулки кратко го блендираме, да останат покрупни парченца.
Ги додаваме во преостанатите овесни снегулки. Во садот ги ставаме прашокот за пециво, содата бикарбона и солта. Промешуваме.
2. Во друг длабок сад со жица за матење го матиме јајцето, го додаваме млекото, таанот, медот и грчкиот јогурт. Мешаме со жица за матење. Течната смеса ја ставаме во сувите состојки. Мешаме.
3. Во смесата ги додаваме малините, промешуваме. Од смесата ставаме во калап за мафини во кој претходно сме ставиле хартиени корпиња.
4. Печиме во загреана рерна на 180 степени 30-35 минути.

* јас користев замрзнати малини, ги оставив на собна температура 20тина минути да се одмрзнат, по што со виљушка ги раздробив
*од оваа смеса добив 20 мафини.