Испечати

Брзи кифли со крем

Брзи кифли со крем

Состојки

  • 1 јајце
  • 150 гр кисело млеко
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 1 пециво
  • 3 лажици палента
  • 300 гр бело брашно
  • крем по потреба

Подготовка

Брзи, меки и превкусни кифли.

Подготовка

Во поголем сад ставете ги сувите состојки и промешајте. Потоа, додадете ги и течните состојки и замесете меко, нелепливо тесто.

Од тестото направете топчиња. Секое топче, расукајте го, намачкајте го со еурокрем и замотајте го во форма на кифличка.

Кифличките наредете ги во набрашнета тава за печење и премачкајте ги со жолчка.

Печите на 200 степени додека да заруменат. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и веднаш попрскајте ги со малку вода, а кога ќе изладат малку, ставете им шеќер во прав и послужете.

На здравје