Испечати

Еклери (Заљубени Лебеди, Принцес Крофни, Класични)

Еклери (Заљубени Лебеди, Принцес Крофни, Класични)

Состојки

  • За тестото
  • 200мл Зејтин
  • 500мл Вода
  • 300гр Брашно
  • 8 Јајца
  • За полнење (слаткарско кремче)
  • 300гр Брашно
  • 1250мл Вода
  • 450гр Шеќер
  • 2 паковки Ванилин шеќер
  • 250гр Маргарин

Подготовка

Еклерите обавезно ги правам кога го приготвувам слаткарското кремче, така имам 2 десерти во исто време со едно правење. Рецептот за слаткарски крем го имам објавено, ама сепак и тука ќе ви објаснам како се подготвува.

Најпрво го приготвуваме слаткарското кремче

1. Го мешаме брашното со дел од водата, убаво да се раствори за да нема грутки, потоа преку цедалка го прецедуваме во некое тенџере.
2. Се додаваат сите останати состојки (освен маргаринот), се вари кремот на тивко со постојано мешање додека ја достигне потребната густина.
3. Го тргаме настрана тенџерето, го покриваме со стреч фолија и оставаме да се излади.
4. Посебно се миксира маргаринот (на собна температура), па го соединуваме со изладениот крем.

Потоа ги приготвувам еклерите

1. Се ставаат во тенџере водата и зејтинот да зовријат, го додаваме брашното, мешаме до добивање на мазно тесто без грутки, кое го домесуваме на работната маса.
2. Го покриваме тестото со стреч фолија да не се исуши и го оставаме да излади.
3. Потоа ги додаваме јајцата едно по едно (миксираме или месиме) до добивање на еднолична глатка смеса.
4. Од смесата полниме во шприц и ги формираме еклерите во тавчето на кое имаме ставено хартија за печење.
5. Печеме на 200 степени.

Полнење на еклерите

Јас ги полнам на тој начин што им правам дупче со остар нож, и со слаткарското кремче ставено во шприц ги полнам еклерите. Можете и да ги пресечете на пола, што искрено мене не ми е практично, бидејќи испаѓа од филот од страните. Одозгора наросуваме прав шеќер.

Забелешка - Лебедите се направени како класичните еклери, а нивната глава и врат се прават со потенок додаток на шприцот, такашто се исцртува бројот 2, ги печеме пократко бидејќи се потенки, а за очите употребив ленено семе. Полнењето е на ист начин, со правење дупче со остар нож, и потоа во дупчето се става делот од главата и вратот.
На здравје сладење