Превкусна пица со прашок за пециво
Состојки
- 250 мл јогурт
- 500 гр брашно
- 1 кесичка прашак за пециво
- 6 лажици масло за готвење
- 1 кафена лажичка сол
- едно паковање печурки
- кашкавал
- посебна салама
- чајна
Подготовка
Кога е време за ручек, а се нема многу време, тогаш редовно си правиме пица.
Во сад за месење ги додаваме состојките односно, брашното, јогуртот, маслото и солта и убаво го месиме тестото. Зависно од брашното може да ви треба или повеќе или помалку од 500 гр.
Штом го измесиме не многу јако тесто го сучиме и го ставаме во набрашнет плех.
Заради тоа што кај нас сите јадиме различна салама, пицата си ја делиме хехе
Тестото го мачкаме со кечап. Половина ја правиме со рендана посна салама, половина со чајна. Ставаме и рендан кашкавам и печурки. Но секако секој може да си стави тоа што јади.
Ја печеме 10на минути на 250 степени загреана рерна.
Одкако е готова ја наросуваме со оригано.