Намаз од тиквичка, топено сирење, јајца и тостиран сусам
Состојки
- 1 тиквича, околу 300 гр, сол
- 1лажица маслиново масло
- 2 варени јајца
- 1лажиче сенф
- 1лажиче таан
- 1лажица сок од лимон
- 1/4лажиче бибер
- 2лажици топено сирење
- 2,3лажици тостиран сусам
- по желба и кора од лимон, лук, магдонос, босилек...
Подготовка
Исклучително вкусен намаз.
Може да додадете или да одземете зачини по сопствен вкус.
Пробајте го.
Прво тиквичката ја рендаме на крупната страна на рендето.
Ја ставаме во сад, ја посолуваме и оставаме да одстои 10 минути.
За тоа време ги вариме јајцата.
Сега тиквичката ја стегаме со раце да излезе скоро целата течност.
Во тава ставаме маслиново масло и ја запржуваме тиквичката, се додека не излези цела течност.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме јајцата, тиквичката, сенф, таан, сок од лимон,бибер, топено сирење...
Со кратки пулсирања соединуваме.
Со помош на шпатула ги собираме состојките кои се лепат на зидот на чашата, па пак пулсираме.
На крај го додаваме тостираниот сусам.
Намазот го ставаме во здела за сервирање и го оставаме во фрижидер да одстои 30 минути.
Послужуваме...