Испечати

Диетални, овесни палачинки со овошје

Диетални, овесни палачинки со овошје

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 банана
  • 100мл јогурт
  • 50мл млеко, кокосово, бадемово...,
  • 100гр мелени овесни снегулки,
  • 1 ванила
  • 1/4лажиче цимет
  • 1лажиче пециво
  • Некоја капка масло
  • прелив
  • Сок од еден портокал
  • 2 лупени праски
  • 1лажица мед

Подготовка

Сите состојки, овесот, јогурт, банана, јајце, ванила, цимет и прашок за пециво ставете ги во блендер, односно нутрибулет.
Додадете млеко.
Соединете.
Смесата не треба да биде ниту премногу густа ниту премногу тенка.
Ако е многу густо, додадете една лажица или две млеко, а премногу тенка, додадете малку овес.
Тавата, по можност со нелепливо дно, или ако треба додадете 1-2капки масло, загрејте ја на умерен оган.
Ставајте со помош на кутлач мали палачинки да се пржат.
Кога на површината ќе се појават мали дупчиња, палачинките се спремни за превртување.
Испржените палачинки ги редиме во тајнир.
Прелив
Во касерола ставаме сок од портокал, мед и парчиња праски.
Готвиме околу 6-7 минути на умерен оган, односно сосот да се згусне.
Во тајнирчиња сервираме палачинка, сос од праски и портокал, палачинка, сос..
Нежно наросуваме шеќер во прав.
Сервираме со попладневно кафе.