Испечати

Мафини со спанаќ

Мафини со спанаќ

Состојки

  • 3 јајца
  • 150 мл масло
  • 230 мл јогурт
  • 18 рамни лажици брашно
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 150 г рендано сирење
  • 2-3 раце свеж исецкан спанаќ
  • сончоглед за одозгора

Подготовка

Доза за 15-16 мафини

Едноставни, а превкусни и рецептот е скроз погоден и испробан повеќе пати, мафините се меки и убаво нарастуваат. Овие денес ги направив и уште додека го пишев рецептот, пола се изедоа хехеех

Подготовка

Изматете ги јајцата со миксер, па додадете го јогуртот и маслото, па постепено додавајте го просеаното брашно и прашокот за пециво. Изматете да нема грутки па додадете го исецканиот спанаќ и сирењето. Ако сирењето не ви е доволно солено, можеби ќе треба да додадете малку сол во смесата.
Во намастениот калап за мафини, ставајте од смесата без да ги преполнувате отворите, наросете сончоглед или сусам и ставете да се печат на 200 степени околу 25 минути.
После печење нека се оладат малку па вадете ги од калапот.