Пиперки полнети со сирење, ајвар и павлака
Состојки
- 5 пиперки со средна големина
- 1 јајце
- 50 г бело сирење
- 3 лажици ајвар
- 2 лажици павлака
- малку масло за пржење
Подготовка
Вообичаено подготвувам пиперки полнети со изварка или со сирење летно време, во оваа комбинација првпат правев и сум воодушевена. Пиперките кои ги користам се од пријател кој еколошки ги одгледува во неговото село, исто и јајцата.
Подготовка
Тропчканото сирење измешајте го со јајцето, ајварот и павлаката и со оваа смеса наполнете ги пиперките.
Пиперките ставете ги во тава со сосема малку масло да се пржат од двете страни. Покријте ја тавата со капак и пржете на тивка температура околу 20 минути до половина час. Јас ја користев Делимано тавата со рачки со стаклен капак и употребив сосема малку масло. Ако ви истекува од смесата првите неколку минути, нежно со лажиче вратете ја содржината внатре во пиперките.
Комбинирајте со сецкани домати. Количината е за 1 човек, по потреба, зголемете ја.