Двобојна чоколадна фантазија
Состојки
- пандишпан
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 1 кесичка прашак за пециво
- 4 лажици какао
- 6 лажици топла вода
- бела крема
- 250 мл слатка павлака
- 200гр бело чоколадо
- кафена крема
- 250 мл слатка павлака
- 5-6 лажици еурокрем
- чоколадна глазура
- 150мл слатка павлака
- 150 гр црно чоколадо
Подготовка
Како што и во секој рецепт чоколадата е неизбежен дел така е случајот и тука.
Имено ова торта дојде како комбинација на повеќе торти од интернет и морам да признаам дека излезе превкусна.
Најпрво го правиме пандишпанот односно ги матиме со миксер јајцата и шеќерот, а потоа постепено ги додаваме сите други состојки. Продолжуваме со матење додека не добиеме убава хомогена смеса.
Добиената смеса ја распоредуваме во плех кој претходно е обложен со хартија за печење.
Печеме во загреана рерна околу 15-20 минути. Откако е готов пандишпанот го оставаме да се олади и штом е изладен ја вадиме хартијата и го сечеме на три еднакви дела.
Во меѓувреме ја топиме на пареа белата чоколада и ја оставаме да се излади.
Ја матиме слатката павлака односо 250 мл и во неа ја додаваме изладената чоколада и со тоа имаме готов бел фил.
Исто така ја матиме и останатата слатка павлака и штом имаме добиено цврст бел шлаг го додаваме кремот и продолжуваме да мешаме додека не се соедини.
Започнуваме со филување на тортата, ја ставаме едната кора на чинија, ставаме од кафениот фил, па ставаме друга кора на неа ставаме од белиот фил, и најгоре ја ставаме и останатата кора. Ја премачкуваме со филот што ни остана.
Најпосле ја преливаме со чоколадната глазура, која ја добивме на тој начин што ја преливме чоколадата со врела слатка павлака, и откако малку ќе се олади ја преливаме тортата.
Вака направената торта ја ставаме во фрижидер убаво да се стегне.
Најпосле повтортно декорацијата е со коцки чоколада.