Домашни тортиљи со пченкарно брашно
Состојки
- 300гр Брашно (бело)
- 50гр Брашно (пченкарно)
- 1 Прашок за пециво
- 1м.л. Сол
- 70мл Зејтин
- околу 210мл Вода (млака)
- за полнење Пилешко месо, домати, краставици, помфрит, ќечап, мајонез.
Подготовка
Гирото ни е омилено на сите дома и многу често го приготвувам за мојата фамилија.
Подготовката ја започнувам со замесување на тортиљите на следниот начин
1. Замесуваме меко тесто од сите состојки.
2. Го оставаме тестото да одмори 15-на минути.
3. Го делиме на 8 исти делови.
4. Од секој дел расукуваме кора во големина колку чинија.
5. Ги печеме во тавче за палачинки...јас во грил тава, сеедно е.
6. Полнењето е по желба, јас употребив пилешко месо, краставици, домати, помфрит, кечап и мајонез.
7. Се завиткува и можете да уживате во неодоливиот вкус на домашно припремено гиро.
За тестото можете да употребите само бело брашно, по моја желба е комбинацијата со пченкарно брашно.