Запечена боранија
Состојки
- 500 гр боранија
- 1главица кромид
- 1-2 лук
- 1 патлиџан
- 1 чушка
- 1 морков
- За запршка
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 200мл масло
- 1 чаша вода
Подготовка
За боранијата знам дека е едно од јадењата кои многу од луѓето не ја сакаат.
Таа е толку здрава и изобилува со многу витамини, влакна, минерaли, се што е здраво и потребно за нашиот организам.
Најдобра е за диета.
Го снижува холестеролот, шеќерот во крвта, а исто и го регулира притисокот.
Јас едноставно ја обожавам.
Во сад на оган ставаме масло да се загрее.Во него ја запржуваме ситно сецканата главица кромид и едно до две чешниња лук.
Откако се добро запржени додаваме ситно сецкани патлиџан, пиперка и морков.
Сето ова убаво го пржиме па додаваме 1 лажица мешан зачин, црн бибер и сол.
Боранијата претходно измиена и исечена на парчиња по големина која вам ви одговара, ја зовриваме во посолена вода.
Ја цедиме, па ја помешуваме со претходно направеното.
Префрламе во тава па попрскуваме уште малку масло.
Ја печеме во загреана рерна околу 20 минути. Додаваме 1 чаша вода, нека крчка.
Кога боранијата веќе е печена, правиме запршка со брашно и црвен пипер и ја попрскуваме врз површината.
Благо промешуваме и оставаме уште 10 минутки.
Како прилог, можете да направите по свој вкус. Јас направив шницла, која само ја запржив во малку масло.
Како додаток со боранијата, морам да напоменам дека е убаво да ставите 2 лажици кајмак или кисела павлака.
Тоа дополнително ќе го подобри вкусот.
Нека ви е на здравје.