Проја Крофнички
Состојки
- 2 Јајца
- 1м.л. Сол
- 200мл Јогурт
- 100мл Зејтин
- 8г.л. Брашно
- 8г.л. Пченкарно брашно
- 1 Прашок за пециво
- по желба Сирење, шунка, кашкавал...
Подготовка
Превкусни и здрави, често ги приготвувам за појадок на моите дечиња.
Подготовката е брза и лесна.
1. Кратко ги матиме јајцата и додаваме сол.
2. Ги додаваме и останатите состојки.
3. Миксираме да се соединат убаво сите состојки.
4. Додаваме по желба сирење, кисели краставички, кашкавал...
Забелешка - Јас ги правам во апаратче за крофнички (прво ставам сусам, па истурам од смесата), но ако немате такво апаратче слободно може да се испече во тавче, па потоа да сечете парчиња.