Штрудлички со сезонско овошје, со праски
Состојки
- 300гр брашно
- 15гр свеж квасец
- 1лажица мед или 2 л шеќер
- 1 ванила
- 1 јајце
- 80-100мл топло млеко
- 40гр путер
- некое зрно сол
- 4 праски
- 1лажица мед или шеќер
- малку путер
- шеќер во прав по потреба
Подготовка
Прееевкусни се....
Загрејте го млекото, додадете лажичка мед или шеќер, додадете 1 лажиче брашно, па квасецот,
Измешајте и оставете квасецот да се активира.
Во сад ставете јајце, остатокот на шеќерот и додајте го активираниот квасец,
Додајте брашно, ванила, растопен путер, сол
Постепено додаваме брашно и го формираме тестото во топка, па го покриваме со фолија и го оставаме на топло место да се удвои.
За тоа време во касерола ставаме мала коцка путер, ги додаваме излупените и на покрупни коцки исецкани праски.
Додаваме мед или шеќер, и по желба цимет, ванила, кардамом..
Пржиме на умерен оган за да испари течноста и парченцата праски да се карамелизираат.
Потоа втасаното тесто поделете го на 6 или 8 мали топчиња.
Ги расукуваме во мали правоаголни корички.
На едната страна ставаме од подготвените праски, а другата старана малку ја засекуваме со нож.
Виткаме мали штрудлички и ги редиме во плех.
Нека одморат 15 минути, па ги печиме во загреана рерна на 190 соколу 20-25 минути.
Испечени ги оставаме на решетка да се изладат, па ги наросуваме со шеќер во прав и ги сервираме.