Десерт во чаша, со мелени орео кекси и банани
Состојки
- 1 пудинг од ванила
- 320мл млеко
- 2-3лажици шеќер
- 30гр путер
- 1лажица сок од лимон
- 2 банани
- мелени орео кекси
- кандирани вишни , ливчиња маточина
Подготовка
Брзо, лесно,превкусно, летно десертче е мојот предлог денес.
Во касерола ги соединуваме шеќерот, прашокот за пудинг и млекото.
Изедначената смеса ја ставаме на тивок оган и готвиме до згуснување, со постојано мешање.
Во топлиот пудинг го додаваме и парчето путер, енергично промешуваме за да ја изедначиме смесата.
На дното на 4 чаши ставаме мелени орео кекси, одприлика по 1 до 2 лажици.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме бананите и сокот од лимон.
соединуваме.
Ова смеса ја додаваме кај млакиот пудинг.
Изедначуваме убаво.
Ставаме од кремот врз орео трошките.
Декорираме со кандирани вишни, орео трошки и ливчиња маточина.
Ставаме во фрижидер да се излади десертот, па послужуваме.