Испечати

Пита со пилешко и горгонзола

Пита со пилешко и горгонзола

Состојки

  • 400гр бело пилешко месо (стек)
  • 150гр горгонзола
  • 1 компир исецкан на тенки кругови
  • маринада
  • 100мл вињак
  • 1 лаворов лист
  • за тесто
  • 300гр брашно
  • 50гр мелени печени лешници
  • 1 јајце
  • 150гр путер

Подготовка

За сите обожаватели на вкусот на доброто италијанско сирење овој рецепт е токму за него. Синото италијанско сирење во комбинација со бело пилешко и пита со лешници нема никого да остави рамнодушен. Идеално за салати, преливи.
Едноставно ја овожавам неговата префинетост, соленкавост, да го консумирам со чаша црвено вино.

Прво ке го подготвиме пилешкото. Исечкајте го на помали парчиња ставете го во сад со вињак ( заедничко име за сите алкохолни пијалоци од 35-60% алкохолност, јас користев коњак бренди) со неколку зрна бибер и лаворов лист. Ваквата маринада ставете ја на ладно 1 час.

Во меѓувреме тестото за пита.
Брашното, путерот, мелените лешници сол и бибер измешајтеги да добиете ронлива смеса, па додајтего јајцето и убаво измезете тесто за тарт (Нема потреба од многу месење) и ставете го на ладно половина час.
Пилешкото испржете ги кратко во тава на делимано колку да фати боичка.
Развелечете 2/3, од смесата за долниот дел тенка кора, а ни многу дебела, и во низок калап обложете со тестото со димензии од прилика 30х15 или кружен калап со дијсметар 20-21см, избоцксјте го дното ставете ги резанките компир, пилешкото и парчињата горгонѕола.
И со другото помалото тесто со помош на оклагија развлечете кора, прекријте одозгора па исечете по ваша желба, јас исеков паралелни резови.
Печете 40мин.

За ваквите пити прво неколку мин се пече на висока температура околу 200степени за да можат да ја задржат формата па потоа намалете и печете на 180.
Ке имате прекрасен ручек, каде што ке се најадете и заситите со само едно парче.
Немора да пресолувате, во пилешкото не зачинувајте, самото сиренце е доволно солено.
Во текот на печењето сирењето ке се стопи, може и да ви истече малу но не грижете се откако ке се излади ке биде навистина кремасто.

На здравје!