Пица со овесни трици и авокадо (без стасување)
Состојки
- 150 мл млака вода
- 50 мл масло
- 60 гр овесни трици
- 250 гр бело брашно
- 1 пециво
- 1 кафена лажица сол
- За одозгора
- 4 лажици доматно пире
- 1 авокадо
- 70 гр кашкавал
- 70 гр сирење
- 50 гр маслинки
- 70 гр печурки
- 1 кафена лажица оригано
Подготовка
Импресионирајте ги блиските со оваа превкусна пица. Одлично решение ако немаме многу време за готвење или непланирано ни дојдат гости.
Подготовка
Во длабок сад измешајте ги просеаното бело брашно, овесните трици и пецивото.
Потоа, додадете ги маслото и водата и замесете меко, нелепливо тесто. Ако има потреба, додадете уште малку брашно или масло.
Оформете ја пицата и ставете ја во набрашнета тава за печење. Обликувајте ја пицата со рацете во форма по ваша желба.
Одозгора ставете доматно пире, сецкано авокадо, маслинки, сирење и кашкавал на парченца, сецкани печурки и оригано.
Веднаш се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути
Добар апетит!