Сицилијанска капоната
Состојки
- 4 модри патлиџани, средни
- 1 кгр црвени домати
- 200гр кромид
- 100гр маслинки
- 100мл масло(мешавина од маслиново и сончогледово масло)
- 1 лута пиперка
- 1 лажиче капари, во моментот ги немав, а мн ги сакам
- 1-2 дршки целер
- 2 лажици вински оцет
- 1 лажиче шеќер
- босилек свеж
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Капоната е омилена во цела Сицилија, освежувачко и живописно летно јадење направено од модар патлиџан и домати, како што велат тоа е „живиот вкус на страствен сицилијански бакнеж на сонцето“.
Исечете ги модрите патлиџани на помали коцки, посолете ги и оставете ги да отстојат најмалку половина час.
Ставете дел од маслото и сецканиот кромид во голема тава, испржете го накратко,додавајќи малку вода додека не омекне.
Додадете ги излупените и исечени домати и продолжете да пржите на тивок оган, додека не се згусне сосот.
Посипете со шеќер, додадете оцет и ситно сецкан лута пиперка.
Исплакнете ги модрите патлиџани со врела вода, исцедете ги и исушете ги добро, а потоа испржете ги во тава на преостанатото масло.
Додадете стебленца на целер сецкани на парчиња и пржете сè заедно некое време.
Потоа, измешајте ги модрите патлиџани во сос од домати, додадете ги исечените маслинки, измиени и исцедени капари и мешан сув зачин.
Измешајте сè и нека врие уште 5 минути.
По неколку минути, исклучете го огнот и покријте го садот со капак.
Кон крајот на готвењето, додадете го свежиот босилек.
Можете да ја послужите капонатата како мезе со парчиња тост леб – или со месо на скара.