Вегански штангли со кокосово млеко и путер од кикиритки
Состојки
- основа
- 1 чаша овесни снегулки
- 1/2 чаша овесно брашно,( блендирани снегулки)
- 1лажица агаве сируп
- 150мл кокосово млеко
- крем
- 150гр црно, квалитетно чоколадо
- 100гр путер од кикиритки
- кокос
Подготовка
Користена е чаша од 250 мл
Во еден сад ги соединуваме овесните снегулки, овесното брашно, агаве сирупот и кокосовото млеко.
По желба може да се додаде и некој ароматичен зачин...
Оваа смеса ја расплескуваме во мала силиконска, четвртаста тава на Делимано.
Израмнуваме убаво.
Во сад над пареа ги ставаме чоколадото и путерот од кикирики да се соединат.
Изедначуваме убаво.
Оставаме малку да подизлади, па кремот го нанесуваме врз основата во силиконскиот калап.
Попрскуваме малку кокос и оставаме да се стегне колачот, 1-2 часа.
Потоа сечеме на штангли и послужуваме.