Испечати

Зеолитки

Зеолитки

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 кгр брашно
  • 2-3лажички сол
  • 1 пресен квасец
  • некое зрно шеќер
  • 1 пециво
  • 50гр зеолит во прав
  • 250мл млеко
  • 250гр путер
  • 250мл масло
  • 100гр сусам

Подготовка

Зеолитот претставува збир од неколку различни минерални компоненти, започнувајќи од натриумови, калиумови, алуминиумски и калциумови, па се до највредниот клиноптилолит, кој претставува кристален облик на зеолитот и кој е идеален за употреба кај луѓето.
Се работи за 100% природна супстанција, која е една од најпроучуваните суплементи на современото доба.
Станува активна дури откако механички ќе се обработи, и како таков понатаму може да се користи во медицината, фармацијата, земјоделството, но и во сточарството и живинарството.
Покрај елиминирањето на штетните материи од организмот, зеолитот исто така ја регулира и неговата ПХ вредност и го јакне имунитетот кај луѓето.
Овие зеолитки можат да стојат и месец дена затворени во лимена кутија и да се консумираат.

Подготовка
Млекото малку го загреваме, додаваме некое зрно шеќер, квасецот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме активираниот квасец, јајцата, зеолитот, сол, пецивото, маслото, путерот, кој бил на собна температура,сусам, и малку со вилушка соединуваме.
Додаваме брашно.
Во оргиналниот рецепт стои 1 кгр бело брашно.
Јас ставив 200 гр ржано и 800 гр бело брашно.
Замесуваме мазно тесто.
Го оставаме да одстои 10-15 минути.
Потоа за полесно да го работиме го делиме на 2,3 топки.
Од секоја топка расукуваме кора.
Со помош на модла по сопствен избор, вадиме форми и ги редиме во плех.
Оставаме така да одстојат 10 минути.
Потоа ги печиме во загреана рерна на 190 с, одприлика околу 25 минути.
Може да подигните една зеолитка да видите дали долната страна е печена.
Не смее да бидат и многу заруменети одозгора, препечени....но секој по свој вкус може да ги печи, покрцкави да се или не.
Оставете ги да се изладат и наредете ги во лимени кутии.