Смути од диња и портокал
Состојки
- 1 портокал
- 100-150гр исчистена диња
- вода по потреба
Подготовка
Добро утро.
Едноставно, но многу освежително, за убав почеток на денот.
Во чашата на нутрибулет ги ставме излупениот портокал и исчистената диња.
Соединуваме, неколку секунди.
Налеваме во чаша.
По потреба и желба додаваме вода и мед.
Консумираме и го почнуваме денот со динамичното темпо....