Испечати

Кекс колач со орев, праска и јаболко

Кекс колач со  орев, праска и јаболко

Состојки

  • 4 јајца
  • 200гр шеќер
  • 170мл масло
  • 200мл јогурт
  • 150гр брашно
  • 200гр гриз
  • 180гр мелен орев
  • 1 поголема рендана праска
  • 1 поголемо рендано јаболко
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1/2лажиче цимет
  • растопено чоколадо за декорација

Подготовка

Во вангличка ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата и матиме додека смесата не побели.
Со исклучен миксер ги додаваме маслото, јогуртот, соединетите брашно, гриз, орев, цимет и пециво.
Додаваме рендано јаболко и праска.
Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса.
Ја истураме смесата во правоаголна ростер тава која претходно танко е премачкана со масло и посолена со брашно.
Печиме околу 30 минути на 180 с.
Сепак со чепкалка проверуваме колачот дали е печен.
Оставаме на решетка да се излади, па го декорираме со растопено чоколадо
Сечеме на парчиња и сервираме со поладневно кафе.