Испечати

Овошна торта со бело чоколадо

Овошна торта со бело чоколадо

Состојки

  • 300гр бисквити посни
  • 100 мл топло млеко
  • 2 лажички чоколадо во прав
  • 50 гр маргарин посен
  • овошен фил
  • 300 гр мешано овошје малини и капинки
  • 4 лажици вода
  • 4 лажици шеќер
  • 2-3 лажици нишесте
  • 2 лажици вода
  • бела крема
  • 500 мл слатка павлака
  • 300гр бело чоколадо

Подготовка

Превкусна летна освежителна торта.
Најпрво ги мелеме бисквитите, јас најчесто ги ставам во најлонса кеса и со сукало ги дробам, потоа во сад ги ставаме бисквитите го додаваме маргаринот, и чоколадо во прав растворено во млеко. Ги мешаме сите состојки. Така добиената смеса ја распоредуваме во калап за торта, и ја ставаме околу 20 минути во фридижер да се здрви убаво.
Во меѓувреме го правиме овошниот фил. Во тенџере на оган го ставаме овошјето, 4 лажици шеќер, 4 лажици вода и ги вареме додека не омекнат убаво, а во меѓувреме во друг сад го раствораме нишестето со водата, и пред крај го дадаваме во овошјето. Мешаме некоја минутка додека не се згусне и го оставаме да олади малку.
Така оладениот овошен фил го ставаме над бисквитите и повторно оставаме да се лади.
Во друго тенџере ја ставаме слатката павлака и чоколадото дури се растопат и штом почни да се прават балончиња го тргаме садот од оган. Околу 20на минути оставаме малку да се олади филот и потоа и тој го ставаме над другите два слоја од тортата. Така веќе спремна тортата ја ставаме во фридижер убаво да се стегне, јас ја оствавив преку ноќ.
На крај декорираме со овошје, и некое ливче нане.
Одзема малку време, но многу е вкусна.