Штрудла со фил од ореви и мак
Состојки
- За тесто
- 250гр брашно
- 50-100гр маст (путер,маргарин)
- 2 жолчки
- 1лаж шеќер
- 10гр свеж квасец
- 50мл млеко
- 1 јајце за мачкање
- За фил од ореви
- 100гр мелени ореви
- 1 ванилин шеќер
- 50мл топло млеко
- 1лаж рум
- За фил од мак
- 100гр мелен мак
- 50гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 50мл топло млеко
Подготовка
Приготвување
Инаку се работи за Бејгли кој е традиционален унгарски рецепт кој го подготвуваат за Божиќ, но мене штотуку ми донесоа тазе свинка маст и воала. Прва идеја ми беше да ја направам оваа прекрасна штрудла баш со маст. Сум ја правела и со путер и со маргарин.
Во млекото ставете го квасецот и измешајте, не мора да надојде.
Соединете ги брашното, шеќерот и маста, можете со раце, а може и со миксер ваш избор, додавајки го квасецот, жолчите.
Месете прво во садот, па префрлете го на работна површина не ви треба брашно, месете околу 3-5мин,меси, меси, врти, одека не добиете убава структура, нема да ви се лепи, нема потреба од дополнителна количина брашно, а и да треба додавајте.
Тесто поделете го на два еднакви дела и оставете ги да нараснат околу 60мин.
Во меѓувреме спремете го филот.
Во оревите ставете шеќер, ванилин шеќер, млеко, рендана кора од лимон (по желба може и суво грозје)
За фил од мак, измешајте го со шеќерот и ванилиниот шеќер, кора од лимон и млеко. По желба може и една лаж цимет.
Од тестото со оклагија истегнете две правоаголни кори по околу 3-5мм дебелина.
Намачкајте ги со филот, едната кора со фил од ореви, другата со фил од мак.
Ивиците од тестото свиткајте ги кон внатре и заролајте.
Намачкајте ги со жолчка и ставетр ги на ладно 30мин.
Намачкајте ги пак и пак ставете ги на ладно 30мин, па потоа намачкајте ги со белка и додека се загрева рерната оставете ги да одмараат ролатите.
Пред печење боцнете ги одозгора со стапче од ражнич или вилушка.
Печете 180степени 40мин.
Забелешка
Јас прв пат ја правам штрудлата со маст, затоа количините се малку, да пробам како ќе биде, и верувајте дека не ја менувам за ништо. Од сега во мојата кујна бејгли ќе се прави исклучиво со маст.
Во филовите постепено додавајте млеко, не треба да бидат натопени, туку да бидат лепливи, од филот од ореви да може да се прават бомбици.