Испечати

Овошен чизкејк (без печење)

Овошен чизкејк (без печење)

Состојки

  • бисвит
  • 300гр. бисквити
  • 200гр. путер
  • 50гр. потпечени лешници
  • 3лаж. кондензирано млеко
  • фил
  • 500мл. слатка павлака
  • 250гр. маскарпоне
  • 220гр. шеќер во прав
  • 1 ванила
  • 1 желатин
  • 2лаж. џем од шумско
  • 2лаж. џем од јагоди
  • 2лаж. џем од боровница
  • фил
  • 450гр. замрзнато или свежо шумско овошје
  • 5лаж. шеќер
  • 100мл. вода
  • 1 желатин

Подготовка

Во сад разматете 500 мл слатка павлака, а во друг посебно разматете маскарпоне, 220 гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер. Потоа соединете ги двете смеси, матете со миксер, па додајте 1 желатин (желатинот прво треба да се остави со 50 мл вода да набабри па потоа да се загрее за да се растопи – не смее да зоврие).Целата смеса поделетеа на три дела во едниот дел додадете две лажици џем од шумско овошје во вториот џем од боровница во третиот џем од јагоди. Трите фила ги ставаме еден врз друг врз тестото со бисквити.
Мелените бисквити,лешници,кондензираното млеко соединетего со растопениот путер.
Смесата нанесете ја во калап за торта и убаво измазнете.Врз овој бисквит нанесете ги филовите.
Згответе 450 гр шумско овошје со 4 лажици шеќер и 100 мл вода. Во тоа додајте 1 желатин и гответе уште неколку минути. Кога малку ќе се излади и згусне прелијте преку белиот слој.
Готовиот колач оставете го во фрижидер да се излади, најдобро преку ноќ.
Уживајте!