Јогурт десерт (без печење)
Состојки
- 2 паковања пишкоти
- 500 мл. слатка павлака
- 600 мл. овошен јогурт
- 10 гр. желатин
- За овошниот јогурт
- 200 гр. овошје (вишни, цреши, капини, малини, рибизла,и др.)
- 1 лажичка мед
- 1 лаичка сок од лимон
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. млеко
Подготовка
Подготовка
- Желатинот пригответе го според упатствата на кесата.
- Направете го прво овошниот јогурт така што ќе го изблендирате овошјето кое сте го избрале или микс на овошје. Постепено во него додавајте го јогуртот, медот, на крај додадете го млекото и лимоновиот сок. За цело време на најниската брзина матете.
- Во сад ставете ја павлаката, додадете го приготениот овошен јогурт, сматетете да добиете густа смеса - постепено додавајте го растворениот на пареа желатин, разбркајте да се добро распореди низ смесата.
- Пишкотите во од вас избран сок сосема кратко натопете и наредете ги во модлата постелена на дното и страните на ѕидот со проѕирна фолија. Откако сте ги наредиле истурете го филот - оставете во фрижидер на 2-3 часа.
Врз оладениот колач направете си ја декорацијата - желирано овошје како од мене препорачано, а можете и со ганаш или било што ќе одлучите.
Напомена
Овој брзински колач можете да го приготвите и со купен готов овошен јогурт и така ќе ви е полесно. Го залив колачот со слаткото од зрелиот бозел во кое додадов малку вода, оставив да зоврие - го тргнав и во него додадов 10 грама растворен желатин, оставив да олади и залив одозгора.Значи варијации полно.
- Место бишкоти можете да си спремате пандишпан, ако од овошје изберете јагоди... ќе ја имате прекрасната Јогобела торта.
Да ви е слатко,