Испечати

Меки хот дог лепчиња

Меки хот дог лепчиња

Состојки

  • околу 900 г брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • прстофат шеќер
  • 250 мл топло млеко
  • 250 мл јогурт
  • 2 белки
  • 1 полна лажичка сол
  • 90+10 мл масло
  • 2 жолчки и сусам за одозгора

Подготовка

Одличен рецепт за сендвичи или конкретно јас ги употребив за домашен хот дог и децата беа пресреќни. Најдобро е лепчињата да ги печете на 2 пати за да не ви се слепуваат или направете половина доза, а вишокот може и слободно да си го замрзните па по потреба да се користат.
Лепчињата се меки и превкусни

Подготовка
Во длабок сад растворете го квасецот во топлото млеко со прстофат шеќер. Не мора да се активира, само нека се раствори. Потоа додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто, прво додадете 800 г брашно па по потреба уште, тестото треба да е меко и нелепливо. Премачкајте го со 10 мл масло и оставете го да нарастува околу 1 час прекриено со стреч фолија.
Потоа, префрлете го на намаслена површина и поделете го на 16 парчиња. Секое парче раширете го во кружна форма и замотајте го како кифла.
Наредете ги лепчињата на плех обложен со хартија за печење, оставете ги уште 20тина минути покриени со фолија па премачкајте ги со жолчки и наросете сусам по желба.
Ставете ги да се печат на 180 степени околу 20-25 минути или додека убаво не поруменат.