Испечати

Домашен Marshmallow со капини (без печење)

Домашен Marshmallow со капини (без печење)

Состојки

  • Сос од капинки
  • 250 гр капинки
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажица сок од лимон
  • Сируп
  • 75 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 5 гр желатин
  • 1 белка

Подготовка

Ставете ги капинките со шеќерот и лимонот да варат отприлика десетина минути. Од време на време стегајте ги да се добие каша. Убаво исцедете ја кашата низ ситце. Потребни ви се 130 мл сос. Оставете го убаво да се излади.
Ставете ја белката и изладениот сос во некој метален сад и почнете да миксирате на послаба брзина две-три минути, де се спои сосот со белката, а потоа на најслина брзина десет минути. Ако имате статичен миксер уште подобро.
За сирупот: водата, шеќерот и желатинот треба да варат 5 минути. Испланирајте го времето на матење на белката и капинките со варењето на сирупот. Кога ќе завршите со матењето на белката турете го жешкиот сируп и микирајте уште 6-7 минути. Смесата ќе биде густа, доволно за да може да ја ставите во шприц и да истиснете форми по желба. Формите ставајте ги на табла прекриена со најлонска фолија и оставете ги да се сушат 24 часа.
Спојувајте ги по две, како сендвич и испрпелајте ги во шеќер во прав.