Испечати

Пита од тиквички и сирење

Пита од тиквички и сирење

Состојки

  • 3 јајца
  • 200 г изварка или кравјо сирење
  • 120 г биено сирење
  • 80 г брашно
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • малку црн бибер (сол ако има потреба)
  • неколку сецкани ливчиња босилек или магдонос
  • 600 г тиквиња (1 голема или 2 мали)

Подготовка

Рецептот ми го прати една пријателка и навистина е прва лига. Обожавам тиквички во секаква варијанта.

Прво тиквињата се мијат убаво и се сечат на најтенки ленти со дебелина од 1 мм, можи да ја користите алатката за лупење компири. Посолете ги малку и оставете ги така 1 час да ја ослободат течноста. Стиснете ги малку и истурете го вишокот течност.
Потоа во подлабок сад изматете ги јајцата, па додадете ја изварката и ренданото биено сирење, продолжете со матење и додадете ги зачините, лук, маслото, содата, босилек или магдонос и брашното, измешајте убаво па додадете ги тиквичките, измешајте пак и смесата истурете ја во мало намрсено тавче 20 на 20 цм, јас ја користев Делимано коперлукс квадратестата тава, ама можев и помала зашто питата излегува ниска. Израмнете одозгора и ставете да се печи на 200 степени околу 40 минути. После печење оставете убаво да се олади, па потоа сечете и консумирајте