Испечати

Пита (пастрмајлија)

Пита (пастрмајлија)

Состојки

  • 800гр Брашно
  • 420мл Вода (млака)
  • 8г.л. Зејтин
  • 3м.л. Сол
  • 1м.л. Шеќер
  • 1 коцка Квасец (свеж)
  • 600гр Месо (свинско)
  • 4 Јајца
  • по потреба Сало

Подготовка

Овие пити по правило се викаат Пити Пастрмајлии ( кога се со пастрма ), ама ние во моето семејство не обожаваме пастрма, и затоа ги правам само со свинско месо.

Подготовката е на следниот начин

1. Најпрво се приготвува месото, најубаво од вечер за убаво да ги впие состојките. Го сецкаме на коцкички, ставаме зејтин, сол, црн бибер, црвен пипер, и го оставаме во фрижидер.
2. Тестото се замесува од сите наведени состојки ( тоа е за 4 пити ), го покриваме со стреч фолија и го оставаме да стаса.
3. Одкога ќе стаса тестото, го делиме на 4 еднакви делови, кои ги формираме како топка, малку да подстасаат и тие, па ги формираме питите.
4. Ги редеиме во тавче премачкано со маргарин, малку да постасаат па одозгора им го буцкаме месото (по 150 грама), на неколку места ставаме и сало и ги печеме на 250 степени.
5. Кога ќе бидат при крај им ставаме по едно јајце и ги допекуваме уште малку.
6. Испечените пити ги премачкуваме со сало.

Забелешка - Месо можете да ставите и повеќе, кој како си јаде, на пример по 200 грама на пита.