Овчарска салата (на мој начин)
Состојки
- Состојки
- 4 поголеми домати
- 1 модар патлиџан
- 4 зелени месести пиперки
- 1 лута пиперка
- 3 чешниња лук
- 100 гр овчо сирење
- 3 варени јајца
- Потребно е уште сол,маслинов зејтин,оригано
Подготовка
Можеби не е оригинална овчарска салата, но доста наликува на неа. Во секој случај во овие летни денови убаво е да се има на трпезата.
Прво ги печеме пиперките. Јас ги печам во рерна во тава на хартија за печење. Јајцата ги вариме. Модриот патлиџан го миеме, го сечеме на ленти и го посолуваме. После 10 минути се пржи во тава на зајтин. Се остава да олади. Печените пиперки ги лупиме, ги чистиме од семките. Во сад ги сечеме доматите, ги сечеме печените пиперки, го додаваме пржениот модар патлиџан. Посолуваме, додаваме маслинов зејтин, лукчето сечено на парчиња и мешаме. Одозгора се додава сирењето сечено на коцки и јајцата сечени на парчиња. Посолуваме, додаваме маслинов зејтин, поросуваме со оригано