Испечати

Торта со лубеница и слатко од ружи

Торта со лубеница и слатко од ружи

Состојки

  • За пандишпан
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 рака малини
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • За желе
  • 200 гр лубеница
  • 2 лажички желатин
  • 50 гр шеќер во прав или мед
  • 1 ванила
  • За фил
  • 200 гр урда несолена
  • 150 мл слатка павлака
  • 150 гр кондензирано млеко
  • 1 желатин
  • 1 ванила
  • 4 лажици слатко од ружи

Подготовка

Прво направете желе.
Желатинот натопете со 3 лажици ладна вода и оставете да набубри. Лубеница изблендирајте, додајте шеќер или мед, додајте стопен желатин промешајте, ставете во округла форма и во фриждер да се стегне.
За пандишпан
Јајца одделете ги белки од жолчки. Белките изматете ги со шеќер. Жолчките изматете ги со ванила. Соединете белки и жолчки, ставете брашно, малини и пециво. Истурете во калап за печење. Печете на температурата 150 степени околу 20 минути.
За фил
Желатинот натопете го со 50 мл ладна вода.
Урдата изматете ја со слатка павлака, додајте кондензирано млеко, ванила, слатко од ружи. Желатинот растопете го во микробранова и истурете го во фил.
 
Пандишпан пресечете на 2 дела.
Прво ставете еден падишпан, врз него фил, желе па фил и покријте со вториот пандишпан. Оставете во фриждер да се стегне.
Стегнатата торта украсете со шлаг, малини и коцки лубеница.
Добар апетит!