Испечати

Целуфки(пуслици) со пудинг од јагода

Целуфки(пуслици) со пудинг од јагода

Состојки

  • 3 Белки
  • шеќер по потреба
  • 1м.л. Оцет (или лимонов сок)
  • 1 Пудинг (од јагода)

Подготовка

ЦЕЛУФКИ ( кајмаци, пуслици ) СО ПУДИНГ ОД ЈАГОДА

Овој десерт е често застапен кај нас, овојпат малку го променив со додавање на пудинг, за оние што ги прават, а не им се погодиле многу пати, овој рецепт нема утка, пудингот им дава цврстина и многу убаво се формираат.

Подготовката е иста
1. Се матат белките со постепено додавање на шеќерот ( односот на белки-шеќер е 2:1...односно колку грама белки, дупло грамови шеќер )
2. На крај додаваме 1м.л.оцет или лим.сок и 1 паковање пудинг од јагода ( може и друг вкус - по желба ). Бојата што ја добив не беше многу розова, па затоа додадов плус прех.боја.
3. Се печат на 100 степени 1 саат, и потоа ги оставаме внатре до потполно изладување.

Забелешка - може да употребите и друг вкус на пудинг...по желба