Десерт вишна
Состојки
- 2 лажички желатин
- 200 гр урда несолена
- 100 гр слатка павлака
- 1 ванила
- 300 мл компот од вишни
- 50 гр вишни
- 4 лажици шеќер во прав
Подготовка
Желатинот расворете го со 30 мл ладна вода.
Компотот ставете да зоврие, истурете го во него желатинт и оставете малку да подистине.
Во чаши за десерт ставете вишни, вишни прелијте со 2 лажици желе, оставете во фриждер да се стегне.
Урда изматете со слатка павлака, додајте ванила, шеќер во прав.
Во чашите за десерт врз желето ставете урда, одозгоре прелијте со останато желе.
Оставете десертот да се стегне.
Готовиот десерт украсете го со изматен шлаг и со вишна.
Добар апетит!