Чоколадно семифредо со кондензирано млеко и наполитанки-Semifreddo al cioccolato
Состојки
- 160мл слатко кондензирано млеко
- 100гр црно чоколадо , 70% какао маса
- 1 лажиче желатин
- 2 лажици вода
- 200мл шлаг во течна состојба
- 130-160гр лешник наполитанки
Подготовка
Семифредо е италијански десерт, а зборот дословно означува ПОЛУЗАМРЗНАТ десерт.
Најчесто главни состојки се жолчки, засладувач, крем.
Доаѓа како некој полузамрзнат мус.
Денес јас правев некоја комбинација, полесна од кондензирано млеко и шлаг.
Семифредото не е ни торта, ни сладолед.
Туку прекрасен, летен десерт, надополнет со овожје по желба.
Во касерола на многу тивок оган ги ставме да се соединат чоколадото и кондензираното млеко.
Повремено промешуваме.
Во мал сад го ставаме желатинот и водата за да набабри.
Потоа набабарениот желатин го ставаме во касеролата и промешуваме до изедначување на состојките.
Во вангличка го ставаме шлагот и матиме до средна густина.
Во тенок млаз ги додаваме состојките од касеролата и матиме со најмала брзина.
Дното на правоаголен калап со должина од 25 цм и ширина 12 цм го обложуваме со проѕирна фолија.
Ставаме од приготвениот крем и израмнуваме.
Ставаме наполитанки по должина.
Покриваме со крем повторно.
Сега пак ставаме наполитанки и го ставаме остатокот на крем.
Го покриваме калапот и го оставаме во фрижидер неколку часа.
Потоа го превртуваме на чинија, ја одстрануваме фолијата и декорираме со овошје по желба.
Сечеме на парчиња и послужуваме.