Испечати

Вафли со вишни и малини

Вафли со вишни и малини

Состојки

  • 270 гр мешавина за вафли и палачинки
  • 2 јајца
  • 3 лажици масло
  • 150 мл вода
  • 50 гр вишни
  • 50 гр малини

Подготовка

Во сад се става мешавина за тесто, јајцата, маслото и водата. Се мати со миксер додека не се изедначи смесата.
Во смесата ставете вишни и малини.
Загреаниот апарат за вафли премачкајте со масло. Истурете од смесата и печете вафли.
Готовите вафли прелијте со чоколаден прелив, украсете со вишни и малини.
Добар апетит!