Колачиња со мед
Состојки
- 2 Јајца
- 2 филџани (за кафе) Шеќер
- 2 филџани (за кафе) Зејтин
- 2 г.л. Мед
- 1 Ванила
- 1 Пециво
- по потреба Брашно ( околу 600гр )
Подготовка
Овие колачиња се превкусни, ама колку подолго стојат ( ако им одолеете ) така се уште поубави, поровки...
1. Најпрво ги матиме кратко јајцата со шеќерот.
2. Потоа ги додаваме сите останати состојки, освен брашното.
3. Сега го додаваме брашното постепено, јас употребив околу 600гр (колку што прибира смесата, за да добиете тесто што нема да ви лепи на рацете), сепак тоа зависи и од големината на филџаните кои ќе ги употребите.
4. Колачињата ги формираме по желба ( може да се расука кора и да сечеме форми, може да се формираат со шприц за тулумби, може да се додаде какао или друга прехрамбена боја за разноликост и слично, по желба можете да ги залепите со мармалад, да се брцкаат во чоколадна смеса до пола, па да ги валкате во кокос.....сеедно е, сепак вкусот е преубав )
5. Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 20-на минути.
Како и да ги направите, во секој случај се превкусни ммммм
Забелешка - мене ми испаднаа околу 60-на колачиња од оваа доза.