Испечати

Чоколадни бисквит колачи

Чоколадни бисквит колачи

Состојки

  • 200 гр црно чоколадо
  • 80 гр маргарин
  • 100гр шеќер
  • 2 јајца
  • 200 гр брашно
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица прашак за пециво
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 100 гр шеќер во прав

Подготовка

Да бидам искрена овој рецептот е всушност рецепт за распукани колачи, но бидејќи јас се занесов додека ги правев, не оставив место меѓу нив и дојде како една голема кора во плехот, хехе па после тоа си го исеков на убави коцки.
Чоколадата ја растопуваме на пареа и ја оставаме да се олади. Откако е оладена ја додаваме во сад за матење, го додаваме растопениот изладен маргарин, шеќерот, екстрактот од ванила и мешаме со миксер.
Потоа ги додаваме јајцата едно по едно, и продолжуваме со матење на мала брзина.
Го додаваме брашното, прашакот за пециво, и какаото.
Ја додаваме и чоколадата и се мешаме заедно .Тестото го покриваме со фолија и го оставаме во фридижер околу еден час.
После тоа со лажица правиме мали топчиња кои ги валкаме во шеќер во прав и ги си ставаме на плех обложен со хартија.
СОВЕТ - оставајте доволно место меѓу нив хехе
Кај мене дојде една голема убава кора која ја исеков на коцки, но ни малку не се изгуби од вкусот на колачите.
Ги печеме во загреана рерна околу 10на минути.