Испечати

Торта цвет (со банана и таан алва)

Торта цвет (со банана и таан алва)

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 Јајца
  • 6г.л. Шеќер
  • 6г.л. Брашно
  • 1 Пециво
  • по потреба Мармалад
  • Фил
  • 150гр. Маргарин
  • 100гр. Прав шеќер
  • 1 Банана
  • 100гр. Таан алва
  • 100гр. Ораси (мелени)
  • 100гр. Бисквити (мелени)
  • Декорација
  • пола Банана
  • по потреба Шарени мрвици
  • по потреба Чоколадо ( рендано )

Подготовка

Оригиналниот рецепт што го имам малку го модифицирав....повеќе на изглед, помалку на вкус ( со додавање на мармалад ), имено рецептот е Ролат со фил од банана и таан алва, овојпат го направив како Торта Цвет (со фил од банана и таан алва )
Најпрво почнуваме со подготовка на пандишпанот
1. Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот.
2. Потоа ги додаваме жолчките една по една.
3. На крај го додаваме брашното измешано со пецивото.
4. Пандишпанот се истура врз хартија за печење, и се пече во загреана рерна на 180 степени.
5. Откога ќе се испече пандишпанот го завиткуваме во влажна крпа да омекне, па потоа се премачкува со мармалад и го сечеме на 21 парче.
6. За филот најпрво го миксираме маргаринот (на собна температура) со прав шеќерот.
7. Посебно ги соединуваме бананата (пасирана), таан алвата (пасирана), и мелените ореви и бисквити.
8. Двата дела ги соединуваме и готов е филот.
9. Тортата се реди на тој начин што се филуваат 3 реда од по 7 парчиња ролат со по третина од филот.
10. Декорираме по желба.

Изгледот на тортата потсетува на Бела Рада, ама вкусот е сосема различен....
Забелешка - во третина од пандишпанот ставив какао, тој дел го ставив најздола од тортата....