Испечати

Тоцети (Tozzetti) – италијански суви колачи

Тоцети (Tozzetti) – италијански суви колачи

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 200 гр шеќер во прав
  • 3 јајца
  • 80 гр омекнат путер
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 10 мл ликер по избор
  • 100 гр лешници
  • 100 гр бадеми

Подготовка

Овој рецепт е толку брз што пред да почни да се приготвува веднаш се вклучува рерната на 180С.
Плехот од рерната обложете го со пек-хартија.

Во садот за месење се ставаат сувите состојки и се мешаат.
Потоа се додаваат останатите состојки и се меси глатко тесто, при што на крај се додаваат лешниците и бадемите.

Тестото се дели на 3 дела и секој дел се обликува во долгунеста тенка векна.
Векните се редат понадалеку во плехот и се печат 15 минути.

Потоа се вади и секоја векна се сечи на парчиња.
Секое парче се враќа во плехот завртено со сечената страна, па се враќаат назат во рерна уште 5 минути.

Колачите се превкусни, долготајни и брзо се спремаат. Мора да ги пробате. Одлично одат со шолја кафе. Штом ги видов во една прекрасна група за готвење на ФБ веднаш ги направив. Можи да ги комбинирате и со чоколадни капки шо ќе е моја следна намера.

Наместо ликер, јас ставив бурбон, бидејќи во моментот немав некој згоден светол ликер. Супер се вклопи.