Испечати

Солени лиснати кроасани

Солени лиснати кроасани

Состојки

  • 50гр. квасец
  • 1лажица сол
  • 2лажици шеќер
  • 7лажици масло
  • 1 јајце
  • 250мл. млеко
  • 250мл. јогурт
  • 1-1200гр. брашно
  • 250гр. путер
  • 50гр. сусам
  • фил по желба(сирење,шунка,кашкавал,павлака,спанаќ...)жочка со малку млеко за премачкување

Подготовка

Подготовка

Квасецот ставете го во претходно загреано млеко, заедно со шеќерот. Мешајте со лажиче за да се стопат. Од брашното, квасецот (со млекото), водата, маслото, солта и јајцето замесете средно меко тесто. Од тестото одделете 16 топчиња и со сукало расукајте ги во круг. Поделете ги во два дела по осум расукани теста, каде секое тесто ќе го премачкате со путер. Намачкани теста покријте ги со крпа и оставете да ги 20 минути да се одмараат. Секоја тесто развлечете ја со сукало за да добиете големо тесто. Откако двете кули од тесто ќе ги развлечете во голем круг, секој круг исечете го на 8 или 10 парчиња за да добиете 20-24 триаголничиња. На секој триаголник ставете од филот и завиткајте го кроасанот од поширокиот кон најтенкиот дел. Готовите кроасани ставете ги во подмачкано тавче со путер или обложено со хартија за печење. Оставете ги кроасаните да одмараат 1 час покриени со крпа. Премачкајте ги со смесата од млеко и жолчка и попрскајте ги со сусам, ким, афион или морска сол. Печете ги во претходно загреана рерна на 250 целзисуови степени 25 до 30 минути (зависи од рерната).