Испечати

Полнети тиквички со ориз и зеленчук (посно)

Полнети тиквички со ориз и зеленчук (посно)

Состојки

  • 3 поголеми тиквички
  • 3 главички кромид
  • 4 моркови (ситно сечкани)
  • 3 чешниња лук
  • 300 гр. ориз
  • 2 поголеми домати
  • по 1 лажица црвен пипер и сув зачин
  • по потреба масло, црн пипер и сол
  • 5-6 компири

Подготовка

Одлична посна летна тава.
1. Тиквичките ги сечеме на парчиња високи 5-6 см., ги длабиме во средината оставајќи дно, ги редиме во тава, а дел од издлабеното од тиквињата ставаме помеѓу самите тиквиња.
2. Во тавче го ставаме сечканиот кромид, сечканиот лук, морковите, остатокот од издлабениот дел од тиквичките, ставаме малку сол, масло и пржиме.
3. Потоа го додаваме оризот, па ставаме сув зачин, црн пипер, пржиме и го додаваме црвениот пипер, пржиме кратко и ги ставаме двата излупени и ситно исечкани црвени домати. Пржиме на тивко 10-тина минути.
4. Со оваа смеса ги полниме тиквињата, а ако ни остане од филот го распоредуваме околу тиквичките, заедно со едниот сечкан морков.
Дотураме млака вода до половина од тиквињата.
5. Компирите ги лупиме и ги сечкаме на кругови кои ги ставаме како капачиња врз тиквињата, а ако ни останат и тие ги ставаме помеѓу тиквињата.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 1,5 час.